Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека на 09.12.2025 во 18:40 часот, полициски службеници лишиле од слобода 45-годишен жител на с. Опае, липковско. Според пријавеното, на ул.„Карл Маркс“ во Куманово, пријавениот со истрел од воздушна пушка го погодил неговиот пријател, 53-годишен кумановец и му нанел тешки телесни повреди. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.12.2025 во 21:40 часот во СВР Куманово, 30-годишен кумановец пријави дека од домот се оддалечила неговата сопруга на возраст од 29 години, заедно со нивната едногодишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
На 09.12.2025, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода две лица од с. Романовце, кумановско, постапувајќи по претходна пријава од 31-годишно лице дека на 08.12.2025 околу 23:30 часот на ул.„Лесковачка“ во Куманово го нападнале со тврд предмет. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.
