Дневен билтен на Секторот за внатрешни работи Куманово
На 16.12.2025 година во 18.00 часот во СВР Куманово 56-годишен кумановец пријавил дека на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово бил физички нападнат од едно лице и му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.12.2025 година во 12. 00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово настанал пожар во напуштена куќа. Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Куманово.
На 16.12.2025 година во 18.30 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода жител на село Гошинце, затоа што при преглед на неговото возило биле пронајдени марихуана и дробилка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава
На 17.12.2025 година во 00.30 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода жител на село Слупчане, затоа што при преглед на товарно моторно возило кое било нерегистрирано управувано од Е.И. биле пронајдени исечени дрва без документација. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.