Доделени потврди за учество на образовни и лични асистенти во средно образование

Претставници од Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита од Општина Куманово им доделија потврди на образовни и лични асистенти на ученици со попреченост во средното образование, преку проектот „Инклузивна училница 3”, информираат од општина Куманово.
Проектните активности се одвивале во период од девет месеци во рамките на Програмата на општинско – корисна работа 2024/25 година, со поддршка од Агенцијата за вработување и општина Куманово.