Дождот целосно го изгасна шумскиот пожар во Никуштак

Шумскиот пожар во реонот на липковското село Никуштак целосно е изгаснат од вчерашните врнежи од дожд, информираат надлежните од Регионалниот центар за управување со кризи, врз основа на добиени податоци од вработен во ЈП „Национални шуми“.

Изминатите неколку денови во реонот на Никуштак на непристапен терен гореа нискостеблеста, деградирана и дабова шума. Во неколку наврати при обидите за гаснење се интервенираше и од воздух.

Регионалниот центар за управување со кризи информира за уште интервенција во текот на вчерашниот ден. Екипа на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане вчера два ипол часа гаснеле дел од опожарена полевна во селото Челопек.