Болнички кревети, масички и греалки доби Општа болница Куманово донација од здружението на витезите Темплари од Скопје со цел унапредување на здравствените услуги за граѓаните. Донацијата е дел од заедничката хуманитарна иницијатива на Големите Приорати на Витезите Темплари OSMTH Македонија и Австрија, во чии рамки се обезбедени вкупно 45 болнички кревети и придружна опрема, со цел да се подобрат условите за престој и лекување на пациентите во болницата.
Примопредавањето на вториот дел од хуманитарната донација се изврши во присуство на одговорните лица од здружението ОСМТХ, директорот Сашо Стошевски, амбасадорот на Австрија во Македонија Мартин Памер, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.
Во првиот дел на донацијата беа предадени 16 болнички кревети, а денеска дополнително преостанатите 29 кревети со душеци, масички и 18 греалки.
Во реализацијата на донацијата учествувале и невладината организација „Дром“ и домот за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово.
