Донација за гинеколошкиот оддел од Aмбасадата на Романија во Македонија

Амбасадорката на Романија во Македонија, Адела Моника Аксинете денеска донираше гинеколошка сонда за потребите на пациентките од гинеколошкото одделение од кумановската општа болница.

Надлежните од јавната здравствена установа се задоволни од донацијата и на денешната прес-конференција кажаа дека сондата е неопходна за рана детекција на тумори, но и прегледи во првите три месеци од бременоста.

„Многу ми е драго што Романија може да придонесе преку оваа мала, но значајна донација за поефикасно функционирање на гинеколошкиот оддел во кумановската болница. Се надеваме дека ќе се спасат животи и ќе се подобри детекцијата. Донацијата е овозможена преку романската агенција за меѓународна соработка и ова е конкретен пример на добрата соработка помеѓу двете земји. Подготвени сме и со задоволство ја очекуваме идната соработка со кумановската болница“, изјави амбасадорката.