Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска оствари средба со највисоките претставници на сите земји членки на СЕЕБРИГ: Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Турција и РСМ. Командантот на бригадата на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), бригадниот генерал Евангелос Митруцикос ја врачи донацијата, видео бим наменет за потребите на Општината. Оваа донација претставува плод на досегашната соработка, која достигна завидно ниво преку реален дијалог и активности, со цел имплементирање на проекти во сите општествени области, се вели во соопштението од општината.
Донација од СЕЕБРИГ за општина Куманово
