Дојави за бомби во десет училишта во Куманово
Дојави за бомби утринава пристигнале во девет основни и едно средно училиште на територија на Општина Куманово.
Станува збор за основните општински улилишта „11 Октомври“, „Бајрам Шабани“, „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“, „Браќа Рибар“, „Јероним Де Рада“, „Карпош“ – Умин Дол, „Кирил и Методиј“, „Кочо Рацин“ и средното општинско училиште „Гоце Делчев“.
„Екипите на СВР Куманово при Министерството за внатрешни работи се на терен и се преземаат мерки за расчистување на случаите. Учениците и наставниците безбедно се евакуирани, а родителите и граѓаните да бидат смирени. Во текот на вчерашниот ден, во општината имавме координативен состанок за справување во кризни ситуации и преземање на мерки“, потенцира градоначалникот Максим Димитриевски.