ДИК: Во Куманово излезноста до 13 часот е 22,86 проценти од обработените 156 избирачки места од вкупно 167.
Тековно се спроведува гласањето во Куманово, соопшти претседателката на ОИК, Бранкица Димковиќ.
Право на глас во најголемата општина во државата имаат 93.986 избирачи кои гласаат на 167 места. Според податоците на ДИК од досега обработените над 96 проценти до 13:00 часот, излезноста била 22,86 проценти.
Во општината Старо Нагоричане, право на глас денеска имаат 3.262 лица кои гласаат на 38 избирачки места.
Според податоците на ДИК од обработените над 99 проценти, излезноста до 13 часот била 27, 90 отсто.