Еден новозаболен од ковид 19 во Куманово
Во последните 24 часа регистрирани се 65 нови случаи позитивни на КОВИД-19. Министерството за здравство информира дека еден од случаите е од Куманово.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Кавадарци (77 години), истото е починато во болнички услови.
Бројот на активни случаи на ниво на земјава во моментов изнесува 447.