Елена Доцевска Божиновска гостува во емисијата „СТАВ“
Елена Доцевска Божиновска, координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, вечерва гостува во емисијата „СТАВ“.
Таа ќе зборува за сработеното по една година од локалните избори, соработката во Советот, коалицијата со „За наше Куманово“, актуелните проблеми во градот, но и расправата на социјалните мрежи за добитниците на Ноемвриската награда.
Ќе се осврне и на функционирањето во општинскиот комитет, рејтингот на партијата, бугарското прашање.