Емилија Сларидис-Јаневска e новиот секретар на општина Куманово

Емилија Сларидис-Јаневска e новиот секретар на општина Куманово.

Сларидис -Јаневска дипломирала на Архитектонски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“во 2001год. Своето работно искуство го стекнува во неколку приватни компании меѓу кои: KBR Kellogg Brown & Root, АД Први Мај, ВС ПОРТА МАЕСТРА ДООЕЛ Куманово како и во ДС ИСКРА СТИЛ КОНСТРАКШН ДОО на позиција административен службеник, каде што по една години е назначена за Извршен директор на компанијата. Од 2010 год. работи во Општина Куманово на позиција Советник за урбано планирање каде што од 2018 год. е на позиција Раководител на Сектор за урбанизам во Општина Куманово. Во своето работно искуство поминува голем број на обуки организирани од меѓународни организации меѓу кои: Обука за развој и управување на човечки ресурси организирана од European Agency for Reconstruction. Обука за Овозможување на локална демократија и холистичко урбанистичко планирање преку пристапот SymbioCity организирана од ICLD I SIDA, Обуки за нови методи и алатки за одржливо урбанистичко планирање и развој на одржливи градови организирана од Центар за меѓународни постдипломски студии за управување со животната средина, Технички универзитет во Дрезден – Германија. Обука за унапредување и заштита на културното наследство организирана од Француската асоцијација на градови со културно наследство Site & Cities и Француското министерство за Надворешни работи. Обука за подготовка на проектна апликација за финансирање за имплементација на мерки на SECAP организирана од страна на GIZ во соработка со NALAS и многу други.

 

 

Коментари

коментар(и)