Етапно продолжуваат исплатите на паричните надоместоци за основците и средношколците

Министерството за образование и наука информира дека паричните надоместоци по основ на антикризната мерка за поддршка на семејствата на основци и средношколци, продолжуваат етпно да се исплаќаат и во текот на оваа работна недела.

Претходно исплатата се реализираше само за еден месец или за два месеци и тоа на мал број апликанти.

Преостанатиот износ се исплаќа и очекуваме  процесот целосно да биде заокружен во текот на следниот месец. Ги замолуваме граѓаните да бидат трпеливи, бидејќи секој што ги исполнил условите, ќе ги добие предвидените средства. Минатата недела се реализираа исплати на финансиска поддршка за месеците февруари и март за околу 13 илјади ученици, соопштуваат од МОН.

Коментари

коментар(и)