Жителите на населбата „Бабин Дол“ бараат тротоари
Сообраќајната несреќа од минатиот месец, во која 19-годишно момче на мотор од населбата Бабин Дол беше тешко повредено и се` уште е на лекување на скопските клиники, повторно ја актуелизираше потребата за поставување на препреки на главната улица во оваа населба.
Жителите сметаат дека само така ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и бараат од надлежните да им помогнат да се реши проблемот.
Од месната заедница веќе доставиле барање до Секторот за урбанизам во Општина Куманово, од каде им било одговорено дека тоа не е согласно законот и нема услови за поставување на препреки затоа што во близина нема училиште или градинка. Во тој случај, жителите бараат макар да се изградат тротоари што ќе помогнат во безбедноста на пешаците.