Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека на 15.12.2024 во 19.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.И.(29) од кумановско село затоа што физички го нападнал неговиот татко.
Според надлежните, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.