Жител на Липково приведен на Табановце

Жител на Липково викендов бил приведен на Граничниот премин Табановце, поради сомнение дека е сторител на кривично дело. Се работи за Њ.А.(41), од с. Ваксинце, за кого било забележано дека се наоѓа на СТОП листата поради сомнение дека е сторител на кривично дело, информираат од Минситерството за внатрешни работи.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.