Заврши Меѓународната ликовна колонија „ Куманово 1974-2024“
Во комплексот Етно село „Тимчевски” вчеравечер се одржа завршен настан на 50–тата Меѓународна ликовна колонија „Куманово 1974-2024“. 11–те учесници од повеќе земји од регионов, кои што работеа на платно во различни техники, создадоа по две уметнички дела. Од името на организаторите на јубилејниот настан, на покровителите и на ликовните уметници – учесници на колонијата, им беа доделени благодарници за поддршката и учеството на традиционалниот настан.
На затворањето на Меѓународната ликовна колонија присуствуваше раководителот на Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита Александар Крстевски и советникот Дарко Митевски.
Претходно, уметниците остварија средба со секретарот на општината Александар Гелевски, претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска, како и раководителот Александар Крстевски. Истата е под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово и Министерството за култура и туризам, а во реализација на НУ Музеј – Куманово и Фондацијата за култура и спорт.