Запленета брендирана облека и алат на автопатот Табановце – Куманово
Министерството за внатрешни работи информира дека во два одвоени настани викендов се приведени две лица на автопатот Табановце – Куманово.
Во првиот случај, полициски службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 38-годишен кумановец, а при преглед на возилото се пронајдени 272 парчиња разновидна брендирана стока, без документација.
„Лицето е лишено од слобода, а стоката е одземена“, соопштија од МВР.
Во вториот случај, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 41-годишен скопјанец во чие возило се пронајдени 174 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат, без документација.
„Возилото и алатот се одземени, а лицето е лишено од слобода“, пишува во соопштението на полицијата.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.