Започна акцијата за собирање на кабаст отпад

ЈП „Чистота и зеленило“ и Општина Куманово по насоки дадени од Министерството за животна средина и просторно планирањe организираат акција за собирање на кабаст отпад.

Акцијата започна утрово на три локации:

– населба „Карпош“ – спроти хотел „Сателит“

– населба „Перо Чичо“ – локалитет амбуланта

– крстосница помеѓу улиците „Тоде Мендол“ и „Есперанто“.

Од комуналното претпријатие ги повикуваат граѓаните на Куманово до крајот на месецов да се приклучат на акцијата и бесплатно да го одложат кабастиот отпад од своите домови во садовите поставени од „Чистота и зеленило“ на трите локации во кумановско.

Ваквите акции ќе продолжат и во месец април, соопштија надлежните.