Започна обуката „Инклузија и околина за учење“

Во организација на Министерството за социјална работа, демографија и млади започна обука за воспитувачи и стручен кадар од градинки во рамките на проектот за подобрување на социјалните услуги на Светска банка. Обуката е насловена „Инклузија и околина за учење“.

На првата обука предавач беше Дарко Кобетиќ од Хрватска, стручно лице од областа на образованието.

Работилниците ќе се реализираат по групи, во текот на четири дена.
Целта на овој проект е да се подобри квалитетот на предучилишното воспитание и образование, што е од особена важност за најмладите, нивните родители и воспитувачи.
Во проектните активности и обуки опфатени се повеќе општини од државата.