Започна продажбата на билетите за МТФ „Денови на комедија“

На билетарата во Центарот за култура денеска напладне започна продажбата на билетите за Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

И годинава стотици кумановци, љубители на театарската уметност во колони пред Центарот за култура чекаа да купат билети за претстојниот фестивал, кој започнува на 24 септември, вторник со претставата „Вечера за глупаци“  на Театар „Ј.Х. Џинот“ – Велес.

Цената на билетот е 200 денари.

Сите претстави започнуваат од 20 часот.

Коментари

коментар(и)