Градската библиотека „Тане Георгиевски“ од денеска започна со „Креативен читачки караван”. Првата едукативна работилница се одржа во подрачното основно училиште „Христијан Карпош” во населбата Иго Тричковиќ, а ќе продолжи во сите подрачни училишта на територијата на Општина Куманово, со цел доближување на книгата и развивање читачки навики.
„Денешната креативно-едукативна работилница беше за јакнење на самодоверба, градење на добри навики и употреба на волшебни зборови“, информира директорката на библиотеката Марија Спасовска.