Зачестија пријавите за физички напади во Куманово
Од денешниот билтен на СВР Куманово ги издвојуваме следниве настани: Полициски службеници лишиле од слобода 40-годишен кумановец, затоа што агресивно се однесувал кон неговата 49 – годишна партнерка и со тврд предмет ги оштетил прозорците во нејзиниот стан, соопшти полицијата. Пријавениот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода и дваесетгодишно лице затоа што агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал кон неговиот татко. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Кумановските полициски службеници лишиле од слобода и 38-годишен кумановец затоа што физички ја нападнал неговата сестра. И тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираат надлежните.