За само една недела голем пораст: 425 случаи на корона

Аналитичките податоци за Куманово не изгледаат добро ако се земе во предвид  дека во текот на изминатата недела (22.03 – 28.03) се бележи драстично зголемување на бројот на новозаболени, но и починати пациенти од коронавирусот.

Вкупно 425 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково) во текот на изминатата недела. Тоа е значително зголемување во однос на неделата претходно кога биле регистрирани вкупно 259 нови случаи.

За жал, раст бележи и бројот на починати лица. Во изминатата недела битката со вирусот ја загубија 11 лица, а во претходниот седумдневен пресек имало 5 починати лица.

Најмногу нови случаи за еден ден се регистрирани во петок, вкупно 94 лица, а најцрн ден од изминатата недела според бројот на починати е недела, кога како последица од компликации предизвикани од Ковид-19 починале четворица пациенти.

Во изминатата недела како оздравенисе регистрирани се 141 пациент.

Досега оздравени во Куманово се вкупно 5.615 од лицата кои биле позитивни на вирусот.

Вкупно 234 пациент од Куманово починале од почетокот на епидемијата како резултат на компликации со вирусот.

Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 6.666 случаи позитивни на коронавирусот со што е на третото место во државата според бројот на заразени.