ВИДЕО: Зголемен број на убоди од крлежи евидентиран месецов
Од почетоткот на месецов евидентиран е зголемен број на убоди од крлежи, информираат надлежните од Одделот за инфективни болести.
Со цел безбедно да се отстранат ако се на вашата кожа, најдобро е да се консултирате со лекар за да бидете сигурни дека сите делови од крлежот се отстранети, препорачуваат здравствените власти.
Според лекарите, најдобриот начин да се избегне ова би било да ја покриете вашата кожа кога сте на отворен простор, а се советува и да се оди по обележани патеките во природата.