Здружението „Доверба“ ќе соработува со општинските средни училишта
Здружението на граѓани „Доверба“ потпиша меморандуми за соработка со Гимназија „Гоце Делчев “, ОСТУ „Наце Буѓони” и СОУ „Перо Наков“ во рамки на проектот „Заедно сме посилни! – Преку врсничка едукација до здравје и ненасилство”, поддржан од страна на Екуменска иницијатива жена – Омиш, Хрватска.
Целта на програмата е да се поддржи менталното здравје, да се зајакне психосоцијалната и социо-емоционалната компетентност на младите, родителте како и образовниот кадар и да се создаде безбедна, поддржувачка и ненасилна средина во 4 средни училишта во Куманово.
По обука за „Врснички едукатори за ментално и емоционално здравје”, 24 ученеци ќе одржат обуки и ќе помагаат на своите врсници.