Здружението „Живот“ со работно-иницијативен состанок на претставници од науката и бизнисот
Здружението за развој на земјоделството и заштита на животната средина преку истражување, едукација и зачувување на биодиверзитетот „Живот“ од Куманово, денеска во салата на Советот на Општина Куманово организира работно-иницијативен состанок на претставници од науката и бизнисот, во рамките на меѓународните саеми „Органска трпеза“ и АгроМак“.
Главната тема на состанокот e „Органска и функционална храна – иднина на Македонија и регионот на Југоисточна Европа“.

На работниот состанок учествуваат претставници од факултети и научни институции од Македонија, Србија, Република Српска, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Унгарија, Грција, Турција, Романија, Италија, Канада, Руската Федерација, Кипар и др., како и компании, земјоделски задруги и земјоделци од споменатите земји.

Организатори се Здружението „Живот“ од Куманово, Комората на органски производители на Македонија , Центарот за истражување, наука, едукација и посредување „ЦИНЕП“ Белград, Србија и Општина Куманово.

Освен организаторите, на присутните им се обрати и градоначалникот Максим Димитриевски.

Подетално за денешниот состанок во вестите во 18 и 22 часот.
