Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини започна со процесот на доделување потврди-ваучери за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима-уреди.
Со цел појаснување на процесот, важно е да се напомене дека овие ваучери се наменети за домаќинствата кои ги исполнуваат критериумите на јавниот повик, објавен на веб-страницата на Министерството за економија на 1 февруари 2024 година. Конкурсот и изборот на корисниците беа спроведени и финализирани од страна на Министерството за економија, кое преку своите комисии направи евалуација и конечен избор на граѓаните кои ги исполнуваат условите, како и избор на правните субјекти каде граѓаните ќе можат да ги искористат овие ваучери.
По направениот избор, Министерството за енергетика ја презеде обврската за организирање и спроведување на доделувањето на ваучерите. Овој обемен процес е успешно координиран од тимот на Министерството, обезбедувајќи навремено доделување на ваучерите пред почетокот на зимската сезона.
Ги известуваме сите подносители на барање согласно Јавниот оглас за Програма за зашита на ранливи потршувачи на енергија за 2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.17/24 и 209/24), Јавниот оглас за Програма за поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинства за 2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 13/24 и 209/24) и Јавен повик за пријавување на интерес од страна на правни субјекти кои вршат трговија на високоефикасни инвертер клима уреди.
Врз основа на одлука на:
Комисијата за спроведување на активностите за избор на правни субјекти кои вршат трговија на високоефикасни инвертер клима уреди, со број 04-920;
Комисијата за спроведување на постапката за доделување потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди за категорија самец, со број 04-915;
Комисијата за спроведување на постапката за доделување потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди за домаќинства со два члена, со број 04-916;
Комисијата за спроведување на постапката за доделување потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди за домаќинства со три члена, со број 04-917;
Комисијата за спроведување на постапката за доделување потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди за домаќинства со четири члена, со број 04-918;
Комисијата за спроведување на постапката за доделување потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди за домаќинства со пет члена и повеќе, со број 04-919;
Комисијата за спроведување на постапката за доделување потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди на домаќинствата за 2024 година од општините на Скопскиот регион, Источниот регион, Југоисточниот регион, Североисточниот регион, Вардарскиот регион и Полошкиот регион, со број 04-914
Комисијата за спроведување на постапката за доделување потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди на домаќинствата за 2024 година од општините на Пелагонискиот регион и Југозападниот регион, со број 04-913кои се избрани од Министерство за Економија, ги објавуваме списоците на добитници на потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди, како и на правни субјекти кои вршат трговија на високоефикасни инвертер клима уреди.
Сите подносители на барања кои ги нема на списоците се недобитни поради исцрпување на средствата предвидени за спроведување на овие програми, некомплетна документација, надминување на временски зададениот рок за поднесување на барање.
Напомена:
Датумот и локацијата за подигнување на ваучерите ќе биде објавена најдоцна до 06.11.2024 година на веб страната на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.