Изградба и санација на спортски сали во неколку градови

Владата усвои информација за реализација на проекти од Програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за 2024 година од страна на Министерството за спорт. Со информацијата се опфатени проектите: „Изградба на спортска сала во Воена академија – Скопје“, „Санација на спортска сала Расадник, општина Кисела Вода“, „Санација на спортска сала во УКИМ“, „Санација на спортска сала во општина Радовиш“, проект „Санација на спортска сала во општина Ново Село“, „Санација на фудбалско игралиште на ФК Тетекс, Тетово“, „Санација на маалски мултинаменски игралишта“ , „Санација на детски игралишта со поставување на спортска опрема во градинките“, „Поставување на пристапни рампи во објектите за спорт за лица со попреченост“, проект „Изградба на атлетска патека во општина Гевгелија“ .

Министерството за спорт ќе спроведе постапки за јавни набавки со цел избор на најповолен понудувач/изведувач и надзорен орган при реализација на проектите. Оваа година средства во висина од 35.039.500,00 денари ќе бидат наменети за инвестиции за овие објекти.

Коментари

коментар(и)