Изградени уште километар ипол гасоводна мрежа
Изградена е потполно нова дистрибутивна гасоводна мрежа во должина од 1.5 километри и вака се создадени технички услови за гасификација на градската болница во Куманово и останатите домаќинства што гравитираат на новоизградената гасоводна делница. Информацијата на својот фејсбук профил со граѓаните ја сподели градоначалникот Максим Димитриевски, кој меѓу другото напиша: „Продолжуваме со ширењето на дистрибутивната гасоводна мрежа во Куманово со цел создавање на технички услови за поголем пристап на граѓаните до овој природен енергенс, обезбедување економичен извор на енергија и почиста животна средина“.