Издадени вкупно 186 400 лични документи во Куманово

Од почетокот на изработка на лични документи од 05.07.2021 година, по основ на промена на новото име Република Северна Македонија, во Одделението за управни работи Куманово издадени се вкупно 186 400 лични документи, од кои 81 430 патни исправи, 66 600 лични карти и 38 370 возачки дозволи. Одделението за управни работи Куманово, работи во две смени од 07.30 до 19.30 часот и од четирите кабини за фотографирање две работат со граѓани кои имаат закажани термини и две за оние граѓани кои немаат закажано термини.