Изложба на цртежи „Скици 2022“ во Куманово

В петок со почеток во 19 часот во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ ќе биде  отворена биеналната изложба на цртежи „Скици 2022“. На изложбата зедоа учество 14 академски ликовни уметници.

Осмото издание на биеналната изложба на цртежи „Скици 2022“, проект на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, претставува континуиран напор за реализација на идејата – цртежот како ликовна дисциплина и понатаму да биде актуелизиран и промовиран пред пошироката публика и ликовната критика. Можноста за вклучување на повеќе категории на ликовни уметници (сликари, графичари, скулптори) како и слободата во изборот на техниката и темата понуди разновидни инвентивни цртачки решенија базирани пред сè на индивидуални афинитети и изразни можности.

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 21 декември.

Коментари

коментар(и)