Измамена кумановка за повеќе од три милиони денари при купување стан
На 15.09.2025 во 11 часот во СВР Куманово, 61 – годишна жена од Куманово пријави дека била измамена за сума од 3. 233.280 денари, информираат надлежните.
Според пријавеното, преку посредник таа купила и исплатила стан со гаража во изградба од правно лице од Скопје, а рокот за изградба и примопредавање бил во септември 2020 година.
Според пријавеното во СВР Куманово, фирмата не го испочитувала рокот, а откако на почетокот на 2025 година добила известување од извршител дека доверител на купениот стан е банка во стечај, сфатила дека е измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.