72- годишен маж од Куманово вчера во 15.00 часот пријавил во полицијата дека бил измамен од две лица за сума од 1000 евра. Според пријавата, едно од лицата му понудило дека доколку му даде пари ќе му донесе злато за поевтина цена, по што откако пријавителот му ги дал парите лицето заминало и не се вратило на договореното место, информира СВР Куманово. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Измамен кумановец за 1000 евра
