Интегриран локален развоен план – ИЛРП на општина Куманово е производ на нововоспоставена сеопфатна и напредна стратешка развојна рамка на општината, која е цврсто поврзана со буџетскиот процес и се однесува за предизвици кои се поврзани со сите области од локалната надлежност.
Планот е подготвен низ соработка и партнерства со сите чинители во општината и ги рефлектира приоритетите на граѓаните.
Целта на ИЛРП е да овозможи практична и спроведлива рамка за адресирање на клучните развојни предизвици поврзани со потребите на граѓаните.
ИРЛП на општина Куманово e подготвен во согласност со методолошки насоки за подготовка на интегрирани локални развојни планови, изработени со поддршка на проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти – фаза 2”, кој го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со министерството за локална самоуправа и бирото за регионален развој.
Проектот е дел од пошироката програмска рамка на УНДП, финансирана од Шведска, која го опфаќа и проектот „Справување со загадувањето на воздухот”.Локален координатор на проектот е Донка Петровска – раководител на одделение за стратешко планирање, креирање политки, следење и ЛЕР при општина Куманово.
