Интервенции на неколку улици на водоводната мрежа

Неколку улици во Куманово денеска ќе бидат без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Како што информираат од ЈП „Водовод“, прекини ќе има кај корисниците од улицата „Вук Караџиќ“ бр. 28, улица „500“ во населбата Перо Чичо, „Јован Поповиќ“ бр. 23, „Иго Тричковиќ“ бр. 25, „Абдула Прешева“ бр. 27.

На улицата „Иво Лола Рибар“ бр. 63 ќе се врши враќање на терен во првобитна состојба после поправка на дефект на водоводна мрежа.

На улицата „Ѓорче Петров“, м.в. Гладно поле ќе има прекини поради приклучување на објект на водоводна мрежа, а од исти причини и на улицата „Козјачка“.

ул. „Славиша Вајнер“ бр. 3 – реконструкција на приклучок на фекална канализација

ул. „Трета МУБ“ (на потег пред Рамстор) – чистење на елементи на фекална канализација

ул.„ Сава Ковачевиќ“ – чистење на елементи на фекална канализација

ул. Б. Б. Гуцман -санација на сливна решетка

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на остранување на дефектите.

 

Коментари

коментар(и)