Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември 2025 година.
Исплатата се однесува на следните права: гарантирана минимална помош; гарантиран детски додаток; додаток за социјално домување; еднократна парична помош; еднократна парична помош за новороденче; образовен додаток; образовен додаток – студирање; родителски додаток за трето дете;
социјална сигурност за стари лица; траен надоместок; цивилна инвалиднина; сместување во згрижувачко семејство.
Исплатата на правата: посебен додаток, парична помош за попреченост и туѓа нега ќе се изврши дополнително.