Истрели на фудбалски стадион во Куманово, случајот пријавен во полицијата
Ноќеска околу 01 часот во СВР Куманово било пријавено дека се слушнало пукање кое доаѓало од фудбалски стадион во Куманово, на кој во моментот не се одржувал никаков настан, информираат надлежните. Од полицијата информираат и дека утрово околу 04 часот, 62- годишно лице, вработено на бензинска пумпа во Куманово пријавило дека додека било на неговото работно место физички е нападнато од едно лице.