30 случаи на грип во Куманово се евидентирани од 31 март до 06 април годинава, а на ниво на државата пријавени се 319 (I=17,4/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 37,6% помалку во споредба со претходната недела (n=511), покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.
Во однос на возрасната дистрибуција, 174 лица се на возраст од 15-64 години, 60 кај деца на возраст од 5-14 години, 43 кај лица на возраст над 65 години и 42 се регистрирани кај деца на возраст од 0-4 години. Највисока инциденца (43,5/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.
Според податоците на ИЈЗ, во јануари годинава биле евидентирани 7.710 случаи на грип, во февруари – 11.210, а во март – 5.067.