„И кога нема избори, ќе доаѓаме“ – порача Мисајловски од Куманово (ВИДЕО)
Власта подолг период најавува дека ќе живееме подобро, но тоа не се случува. Имаме невработеност, пакетот мерки не е испорачан, угостителите не се задоволни. Дојдовме да разговараме со нашите граѓани, за катастрофите што ни се случуваат и за можностите како опозиција да ги решаваме истите. Ова се зборовите на Владо Мисајловски, подпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ што ги упати на кумановци денеска од нашиот плоштад.