Вкупно 37 возачи казнила полицијата вчера попладне на подрачјето на Куманово поради управување возило со брзина над дозволената.
–Вчера во периодот од 16 до 22 часот на подрачјето на Куманово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 37 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Засилените сообраќајни контроли, како што посочуваат од СВР Куманово продолжуваат и во наредните денови.
