Кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“ во Куманово

Во Куманово денеска се одржа јавна дискусија во рамките на кампањата „ Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“ што ја спроведува министерството за јавна администрација поддржана од Заедницата на единиците на локалната самоуправа. На дебатата присуствуваа министерот за јавна администрација Горан Минчев, министерот за локална самоуправа Златко Перински, извршниот директор на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, како и градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски.

„Целта на дискусијата е да се претстават визијата и идните заложби на Владата во областа на реформите во јавната администрација“, велат надлежните, но и да се отвори широка дебата со стручната јавност, претставниците од институциите и останатите засегнати страни за подобрување на регулативата во областа на управувањето со човечки ресурси во институциите од јавниот сектор.

Присутните имаа можност да дискутираат за последните верзии од текстовите на Предлог- законите за вработените во јавниот сектор, за административните службеници и за законот за стручно усовршување и обука на административните службеници.

-Ние досега од собраниска процедура повлековме три клучни, според нас закони кои што ги квалификуваме како почеток на реформите во јавната администрација. Се работи за Законот за вработување во јавниот секктор, Законот за административните службеници и предлог-законот за стручно усовршување и обука на административните службеници. Министерството за јавна администрација отпочна еден циклус на дебати, јавни расправи, работилници, со крајна цел да дојдеме до еден заклучок во кој што ќе ги вклучиме сите страни кои што се заинтересирани за овој процес во еден транспарентен, слободен, демократски процес , да ги чуеме ставовите, мислењата на сите кои штио се засегнати од овие закони. Нашата цел за разлика од минатата Влада, е да имаме еден отворен процес, во кој што сите сугестии како министерство кое што е отворено за сите ќе ги разгледаме и по можност ќе ги вклучиме во сите овие предлог-законски решенија. Се надевам дека оваа дебата ќе даде посебен придонес во подобрување на сите овие законски решенија за кои што сметаме дека нема да бидат не паушални, туку солидно содржински направени да бидат квалитетни, а најважно од се да бидат системски и понатаму следи процесот на имплементација на овие закони, изјави Горан Минчев министер за јавна администрација

„Сметам дека ваквите дебати ќе вродат со плод и суштински ќе се реши многу горливо прашање, а тоа е граѓаните да добијат соодветна јавна администрација, која првенствено ќе биде во функција на нив, граѓаните“, изјави градоначалникот Димитриевски.

-Дополнително, ќе се срушат сите досегашни навики и селекцијата и пристапот кој важеше и се уште важи, да се добие предност на квантитет во однос на квалитет, едноставно се смени. Нашата цел е да имаме професионална администрација, а граѓаните да имаат еднакви права и можности како што е напишано во уставот, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово

Денешнава е втора јавна дискусија во врска со предлог- законските решенија. Се очекува до крајот на октомври годинава да бидат реализирани дебати во повеќето градови во Македонија.

Коментари

коментар(и)