Кик бокс клубот „Предатор“ од Куманово ќе учествува на Светскиот куп кој ќе одржи од утре до 1-ви октомври во Лидо ди Јесоло, Италија.
Од „Предатор“ на купот ќе заминат тренерот Јован Крстевски и натпреварувачот Данило Методиевски, постар кадет кој ќе се бори до 63 килограми.
На турнирот е предвидено учество на натпреварувачи од светот. Во категоријата на Данило се пријавени 11 натпреварувачи, меѓу кои актуелни светски шампиони.
Подготовките за овој натпревар се почнати пред осум недели, се тренира напорно, секојдневно, по два тренинзи, информираат од клубот кој изрази благодарност до помагателите.
Од КБК Предатор се надеваат дека во градот ќе се вратат со медал.