Во просториите на Занаетчиски дом утревечер во 19 часот ќе биде промовирана книгата „Записи од Македонија“ од Милутин Станчиќ од Скопје.
Покрај авторот, на промоцијата ќе говорат и Горан Максимовиќ, професор по литература на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш, како и м-р Елизабета Краљевски од Куманово.
Книгата е објавена во септември 2023 година во Службен весник на Србија., а е промовирана во просториите на Српскиот културен центар СПОНА во Скопје, во мај годинава. Станува збор за збирка патописи и репортажи кои Станчиќ ги снимал со години, посетувајќи траги и домови на Срби на територијата на денешна Македонија.
Инаку, Милутин Станчиќ, еден од основачите на Српскиот културно-информативен центар „Спона“ од Скопје, е професор по македонска и јужнословенска литература и српски јазик, а дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.