Колку кумановци го почитуваат полицискиот час?

Во текот на изминатите пет дена колку што е на сила забраната за движење по 22 часот, кумановската полиција регистрирала вкупно 16 прекршувања.

Популарно наречениот полициски час, во периодот од 10.03, заклучно денеска го прекршиле 16 лица, кои биле приведени од полицијата, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави поради непочитување на здравствените протоколи во време на пандемија.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.