Косовски државјанин приведен на Табановце

Триесет и тригодишен државјанин на Косово викендов бил приведен на Граничниот премин Табановце, откако при преглед кај него била пронајдена патна исправа на македонски државјанин. Се работи за лицето М.Л (33), од Косово, како што информираа од МВР. Лицето носело лична карта на свое име, но и патна исправа на државјанин на Р.С.М.

Лицето и одземените исправи биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.