Косовци со туѓи документи се обиделе да поминат на граничниот премин Табановце
На 16.03.2021 во 22.00 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници ги привеле Р.В.(27) и К.А.(30), двајцата од Р.Косово, бидејќи при пасошка контрола тие дале на увид туѓи патни исправи, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Лицата биле предадени на полициски службеници од Полициска станица Куманово за понатамошна постапка.