Кој ќе го наследи директорот Петрушевски во ЈП „Куманово- паркинг“?!

За нов државен секретар во Министерството за внатрешни работи Владата го именуваше Сашо Петрушевски, досегашен директор на ЈП „Куманово- паркинг“, а на неговото место, како што неофицијално дознаваме ќе биде назначен Андрeја Маџовски, дипломиран професор за физичко образование, спорт и здравје, кој што важи за исклучително близок човек на Петрушевски. Што се однесува до Маџовски, тој првин беше поставен за спортски директор на КК Куманово по што се најде на листата за пратеници на Движењето ЗНАМ за Парламентарните избори 2024 во Изборна единица 2, за да сега седне и во директорската фотелја на јавното претпријатие „Куманово – паркинг“ Куманово. Доколку оваа информација се покаже како точна веруваме дека дополнително ќе ги подгрее шпекулациите во кумановската јавност околу изборот на кадри за раководни позиции без претходно работно искуство за истите.

 

Коментари

коментар(и)