Крводарителска акција во соработка со „Кумани- Куманово“

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово заедно со Институтот за трансфузиона медицина денеска организирана крводарителска акција, на иницијатива на навивачката група ,,Кумани-Куманово”. Акцијата е започната и ќе трае до 15 часот, во зградата  на Црвен крст Куманово (приземје).

Деновиве беше реализирана и крводарителска акција организирана од страна на Секторот за внатрешни работи Куманово. Акцијата се одржа во просториите на Црвен крст Куманово , а 27 крводарители ја покажаа својата хуманост и солидарност.