Крводарителска акција во Старо Нагоричане

Општинската организација на Црвен крст Куманово во соработка со Општина Старо Нагоричане и Институтот за трансфузиона медицина вчера реализираше крводарителска акција. На оваа акција уште еднаш се покажа хуманоста на вработените во Општина Старо Нагоричане, кои несебично се одзваа на повикот за дарување крв. Собрани се 23 крвни единици.